Хрватска не успеа да приреди сензација во големото финале од СП 2025, но самиот пласман во мечот за златото е огромен успех за „коцкестите“ кои на патот до ова финале ги елиминираа Унгарија и Франција.
Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, го играше својот последен меч во репрезентативната кариера, а токму тој меѓу првите застана за изјава во „микс-зоната“ во Осло.
„Воопшто не сум тажен, ми беше преубаво овие денови да го делам теренот и соблекувалната со овие момци. Пресреќен сум, секако дека сонувавме злато, но не можев да посакам поубаво збогување од репрезентацијата од заминување дома со медал на градите. Ми беше тешко да го играм натпреварот, видов како Дувњак плаче на почетокот, јас цело време се смеев, сакав секој момент минат во ова големо финале да ми остане во убав спомен. Им благодарам на навивачите што дојдоа до Осло и го комплетираа овој спектакл“, изјави Игор Карачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА