Голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл не се најде на теренот ниту во лодонското дерби против Тотенхем кое го одбележа шесттото коло во Премиерлигата, а заврши со делба на бодовите по ремито од 2-2.
Прва опција за Микел Артета веќе трет натпревар по ред е Давид Раја кој се истакна со фантастична одбрана во првото полувреме спречувајќи гол на Бренан Џонсон. По истата камерите беа вперени кон Рамсдејл кој ракоплескаше на клупата за што доби критика од страна на Џејми Карагер, легендата на Ливерпул кој беше еден од коментаторите.
„Мене тоа ракоплескање ми изгледа како аплауз на Оскарите. Знете, кога некој нема да добие Оскар па ќе ракоплеска и е се смее за некој друг. Ме насмеа кога го видов. Тој е во целосна заблуда“, изјави Карагер.
Коментарот на Карагер не се допадна на таткото на Арон, Ник Рамсдејл кој на социјалната мрежа „Х“ упати своја критика.
„Ти си срамота. Покажи дека имаш манири. Мојот син покажува“, напиша таткото на голманот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА