Карагер со предупредување до Салах: Многу си заминаа, но тоа им беше најголемата грешка во кариерата

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега стручен аналитичар на состојбите во англискиот фудбал, Џејми Карагер го изрази својот став за се уште неизвесната ситуација околу иднината на Мохамед Салах.

Египќанецот се уште не го продолжил договорот со „црвените“ и постои можност тој да си замине од клубот, иако мали се шансите тоа да се случи во овој летен преоден рок.

Во итнервју за „Скај Спортс“, Карагер истакна дека Салах треба да го продолжи договорот со Ливерпул и да остане на „Енфилд“ затоа што евентуално заминување од клубот може да значи пад на неговата кариера.

Карагер како пример ги посочи Џорџино Вајналдум, Фелипе Кутињо и Емре Џан чии кариери заминаа во надолна линија по заминувањето од Ливерпул.

„Jасно е дека сум очаен Мо Салах да потпише нов договор. Јирген Клоп ги претвара добрите фудбалери во одлични, а Салах е еден од нив. Тој беше многу добар играч, а сега е супер ѕвезда. Џини Вајналдум беше еден од нив, Кутињо беше еден од нив. Емре Џан беше еден од нив, можеби не беше на толку високо ниво, но ова се тројца играчи кои мислеа дека заслужуваат повеќе од Ливерпул во поглед на платите. Сите заминаа и никогаш не беа истите. Мислам дека тоа треба да е лекција за Салах. Не дека е лош играч, но Ливерпул е тим кој му одговара. Премиер лигата му одговара, Јирген Клоп му одговара и токму овде е супер ѕвезда“, заклучи Карагер.

Се вчитува...