Карагер: Тоа што го прави Рашфорд е недозволиво за еден Англичанец

Маркус Рашфорд разочара како и Манчестер Јунајтед во новата сезона. Англискиот репрезентативец е непрепознатлив на теренот и досега забележа само два гола во Премиерлигата за што наиде на остри критики во англиската јавност.

Еден од критичарите беше и Џејми Карагер кој изјави дека Рашфрод воопшто не се однесува како лидер.

„Проблемите на Манчестер Јунајтед се огромни, не можам ни да верувам каде се на табелата. Гледајќи го Рашфорд на натпреварот со Њукасл Јунајтед, можам да ви кажам дека е недозволиво тоа што го прави. Тој не личи на локален играч, туку на некој странец како Марсијал и тоа е најголемата критика која можам да му ја дадам. Странски фудбалери доаѓаат тука и не се грижат за клубот, но Рашфорд е од тука, тој треба да биде лидер. Неговата задача е да ги возвишува другите, да трча кога никој друг не го прави тоа бидејќи тој го претставува грбот на клубот“, вели Карагер.

Се вчитува...