Карагер удри по ѕвездата на Ливерпул: Не сакам повеќе да те гледам во овој тим

По поразот на Ливерпул во големото дерби од Манчестер сити со 0:3 и тоа на „Енфилд“ поранешниот капитен на „црвените“, Џејми Карагер, удри по најскапиот фудбалер во историјата на клубот.

Карагер смета дека германскиот репрезентативец, Флоријан Вирц, откако пристигна на „Енфилд“ не ги оправда вложените пари (116 милиони фунти) и дека не треба да биде во првиот тим. Вирц досега во дресот на Ливерпул одигра 56 натпревари и постигна само седум гола, и има 11 асистенции.

„Морам да се вратам на Вирц кого го критикував и по дуелот со Борнмут. Тогаш навивачите на Ливерпул ме критикуваа бидејќи бев премногу негативен. Тоа што Флоријан Вирц моментно го прикажува не е доволно, одигра веќе 55 или 60 натпревари, но никогаш не изгледа како играч кој ќе даде гол. Не си одите од натпреварот размислувајќи за тоа кои шанси ги пропуштил или како го натерал противничкиот голман да интервенира. Тој не треба да биде во тимот на Ливерпул во овој момент. Не сакам претерано да ги критикувам играчите на Луверпул, но тука не зборуваме за играч кој има само пет или десет натпревари туку за играч со 50 или 60 натпревари“, изјави Карагер.

Следната шанса да се извади за поразот во дербито, Ливерпул ќе ја има против Ласк во Лигата на шампионите.

Се вчитува...