Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, се најде во фокус на јавноста откако гласно го критикуваше Флоријан Вирц. Германскиот ас имаше потпросечна прва сезона во Премиер-лигата, а одигра многу слабо и во првото коло со Њукасл по што беше првиот играч заменет од тренерот Ираола.
Според Карагер, тоа се должи на позицијата на која Вирц беше користен од Арне Слот, истата на која сега го користи и Ираола, класична „десеетка“ што настапува зад напаѓачкото трио. Според Карагер, тоа се одразува и врз цврстината на средниот ред, како и врз нападот, а остава и сериозна трага врз самиот фудбалер.
„Што да правиме со Вирц? Не ги сакам приказните дека на фудбалерите им треба една сезона во Премиер-лигата за да се адаптираат, тоа е мит за кој нема многу конкретни примери, оној што е добар остава трага веднаш или за два до три месеци, не му треба цела година. Проблемот е што сите велат дека Вирц мора да игра десетка, што значи дека Собослаи мора да игра поназад во средниот ред, позиции што не одговараат ниту на едниот, ниту на другиот фудбалер. Го гледав мечот со Њукасл и се прашувам што ќе направи Ираола следно, верувам дека и на него му е јасно дека вака веќе не може, не функционираше минатата сезона, не функционира ниту сега. Стигнуваме до фаза во која е очигледно дека Вирц не се вклопува во тимот на Ливерпул“, вели Карагер.
Дел од фановите бараат од тренерот Германецот да биде користен на левата страна од напаѓачкото трио, но во ситуација кога клубот го има Гакпо, а интензивно преговара и за Баркола, тешко е дека тоа ќе се оствари.
„И јас мислев дека ќе го проба лево во нападот, да го користи меѓу просторот во шеснаесетникот како што игра за Германија… Сепак, јасно е дека Ираола сака крилни фудбалери со енергија, што ќе истрчаат многу, што ќе одиграат пресинг. Затоа, можеби треба да се помириме со фактот дека Вирц не е толку добар. Тој воопшто не е лош играч, но дефинитивно не е некој што вреди над 100 милиони евра колку што Ливерпуул го плати и треба да престанеме да се залажуваме“, анализира Џејми Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
