Караорман и Арсими се пласираа во ВМФЛ

Караорман и Арсими се последните учесници во единствената Втора македонска фудбалска лига во сезоната 2022/2023 година. Караорман во баражот по изведување на пенали славеше над Вардар Неготино, откако во регуларните 90 минути натпреварот заврши 0-0. Караорман се враќа по 20 години во втората лига.

Екипата на Арсими обезбеди историски прв настап во единствената Втора лига откако во баражот игран на стадионот во Ѓорче Петров славеше со убедливи 4-1 над екипата на Овче Поле.

Овие четири екипи се соочија во баражите за пополнување на второлигашките места, откако завршија на шампионските позиции во четирите третолигашки региони, Југ (Вардар Неготино), Исток (Овче Поле), Запад (Арсими) и Југозапад (Караорман).

Се вчитува...