Кардиф тврди дека поради смртта на Сала испаднале, а сега бараат голема отштета од Нант

Велшкиот клуб Кардиф бара милиони од Нант, а причината е трагичната смрт на Емилијано Сала во јануари 2019 година. Сала загина за време на неговиот лет од Франција до Кардиф, каде требаше да потпише за овој тим, но на 21. јануари авионот се сруши во Англискиот канал, а притоа загинаа Сала и пилотот Иботсон.

Сала беше тргнат на потпис на договорот со Кардиф, а велшкиот клуб требаше да исплати 15 милиони. На крајот се заврши трагично.

Кардиф сега повеќе од три години после несреќата, бара голема отштета од 80 милиони фунти од Нант, и тоа со тврдења дека смртта на Сала била причина за испаѓањето на тимот во понизок ранг. Кардиф испадна од Премиерлигата четири месеци подоцна, завршувајќи со два бода заостанување зад 17.тиот Брајтон. Менаџерот тогаш Нил Ворнок сметаше дека головите на Сала ќе придонесоа за опстанок.

Кардиф овие тврдења ги изнел во Судот за спортска арбитража во Лозана, кој преиспитува дали клубот од Чемпионшип требало да ги плати парите за Сала. Велшкиот клуб смета дека Нант треба да сноси одговорност за смртта поради тоа што неговиот агент Вили МекКеј организиран авион во негово име, кој потоа се сруши.

Се вчитува...