Кари броеше до 40, крај на победничката серија на Атланта

Голден Стејт беше подобар од Хјустон на гости со 122-108 во синоќешните натпревари од НБА лигата. Стеф Кари го водеше својот тим до шестата победа по ред со постигнати 40 поени (21 во последната четвртина) со 9 асистенции и пет скока.

Во екипата од Тексас најефикасни беа Кристијан Вуд со 24 поени и 13 скока, додека Кевин Портер оствари дабл-дабл со 17 поени и 11 асистенции.

Кошаркарите на Торонто го победија тимот на Атланта со 106-100. Гери Трет за победничкиот тим постигна 31 поен. Атланта беше во серија од седум победи во низа, на која и дојде крајот синоќа.

Филаделфија својата петта победа во низа ја оствари на свој терен против Мемфис дури по продолженија.

Џа Морант во завршницата во регуларниот дел промаши слободно фрлање при 111-111, па така се замина во продолженија. Токму Морант беше најефикасен со 37 поени и пет скокови и асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Њу Орлеанс 93-90
Индијана – ЛА Клиперс 122-116
Филаделфија – Мемфис 122-119 (по продолженија)
Атланта – Торонто 100-106
Бостон – Мајами 122-92
Њујорк Никс – Сакраменто 116-96
Хјустон – Голден Стејт 108-122
Оклахома – Портланд 98-81

Се вчитува...