Кари донесе победа со звукот на сирената, залудно новиот трипл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Стив Кари се хероите на синоќешните натпревари во НБА лигата. Уште една „зверска“ партија на Србинот во дресот на Денвер, но недоволно за победа, додека Кари со звукот на сирената донесе триумф на својот тим во дуелот со Хјустон на домашен терен, за експлозија на трибините.

Голема борба беше водена се до крајот, а Хјустон во текот на целиот меч имаше предност, понекогаш и со 10 поени разлика. Но, Голден Стејт секогаш се враќаше. Во последната минута речиси беше отпишан тимот на Голден Стејт, меѓутоа на крајот во последнара секунда оствари триумф. Кари го заврши мечот со 22 поени.

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ, продолжи да доминира на индивидуален план во НБА лигата, но тоа не беше доволно Денвер да дојде до триумф над Мемфис. Гризлис на крајот дојде до триумф со 122-118. Јокиќ имаше 26 поени, 11 скокови и 12 асистенции, но недоволно за триумф. За Јокиќ ова беше четврти по ред трипл-дабл во НБА натпреварите.

Драматично беше и на натпреварот Атланта – Мајами, кој го доби домашниот тим со 110-108. Во текот на целиот меч Атланта беше во предност, но Мајами со одлична партија во последната четвртина успеа да стигне и до -1 во последните секунди од натпреварот. Меѓутоа на крајот Атланта погоди едно слободно фрлање, и така го доби мечот со 110-108.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Оклахома Сити 121:98
Орландо – ЛА Лејкерс 105:116
Филаделфија – ЛА Клиперс 101:102
Атланта – Мајами 110:108
Бостон – Портланд 105:109
Милвоки – Чикаго 94:90
Вашингтон – Торонто 105:109
Сан Антонио – Бруклин 102:117
Денвер – Мемфис 118:122
Јута – Детроит 111:101
Голден Стејт – Хјустон 105:103

Се вчитува...