Кари го предводеше Голден Стејт до триумф, одличниот Ембид броеше до 41 против Бостон

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа составот на Сакраменто, благодарение на Стеф Кари кој постигна 30 поени. Голден Стејт одлично го заврши полувремето, и на одмор замина со 12 поени разлика. Но, се врати составот на Сакраменто во третиот период кој го доби со седум разлика, па во последната четвртина Голден Стејт имаше предност од пет поени. Сепак, тоа траеше до средината на четвртиот дел кога Голден Стејт дојде до серија од 11-0, се одлепи на +16, во еден момент имаше и 17 разлика, за на крај да победи со 113-98.

Филаделфија го совлада Бостон со 108:103 во натпреварите од НБА, благодарение на одличната партија на Џоел Ембид кој што самиот го предводеше тимот кон триумф.

Одличниот Ембид уфрли 41 поен, а имаше и деет скока, пет асистенции и четири блокади. Ембид ги постигна последните десет поени за Филаделфија кога тоа беше најпотребно, односно кога се „кршеше“ резултатот. Зад него беше Сет Кари со 26 поени и Тобајас Херис со 25 поени.

Јута беше подобар од Шарлот и го совлада со 112-102, а Руди Гобер постигна 23 поени, и имаше 21 скока.

РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Филаделфија 103-108
Чикаго – Хјустон 133-118
Мемфис – Оклахома 99-102
Јута – Шарлот 112-102
Голден Стејт – Сакраменто 113-98
ЛА Клиперс – Сан Антонио 92-116

Се вчитува...