Кари: Моите врсници се „палеа“ на Џордан, а јас сакав да бидам како…

Стеф Кари доминира со тимот на Голден стејт вориорс на кошаркарската сцена во последните неколку години, па извонредниот шутер се наоѓа во центарот на вниманието и во пресрет на почетокот од новата натпреварувачка сезона во НБА-лигата. Во интервју за шпанскиот весник „Марка“, Кари говори на различни теми, меѓу нив и на значењето да се биде идол на новите генерации.

Секако дека ми е чест, но исто така и се чувствувам чудно бидејќи не беше толку одамна кога јас имав свои идоли. Моите врсници се „палеа“ на Џордан или доколку беа повисоки сакаа да кршат обрачи како Шекил, а јас отсекогаш сакав да бидам како Стив Неш и Реми Милер. Моја цел беше да станам „микс“ на овие двајца врвни кошаркари и мислам дека успеав во тоа. Благодарен сум им на сите оние кои велат дека сум ја променил кошаркарската игра. Се надевам дека таа порака доаѓа заедно со консттација колку сум работел, колку имам вложено во оваа игра“ – вели Кари.

Голден стејт и сезонава важи за главен фаворит за титулата, особено откако „воините“ го донесоа во своите редови и Демаркус Казинс од Сакраменто.

„Од моментот кога слушнав за можното доаѓање на Казинс до потпишувањето на договорот минаа само четири часа. Се се случи толку брзо, знаеме колку му е важно да се врати моќен по повредата, а за нас е неверојатно сознанието дека ќе го имаме во нашиот систем на игра. Имаме неколку многу интелигентни кошаркари кои на сите ќе им помогнат да ја разберат нашата филозофија, убеден сум дека Казинс ќе ја крене играта на Голден стејт на едно повисоко ниво“ -полн е Кари со пофални зборови за својот нов соиграч.

Се вчитува...