Кари не може се сам – Мемфис е последниот патник во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мемфис Гризлис го обезбедија осмото место во Западната конференција, откако во плеј-ин трилер натпреварот го совладаа Голден Стејт Вориорс по продолженија со 112-117.

За Вориорс недоволна беше новата одлична партија на Стеф Кари кој натпреварот го заврши со 39 поени, а додаде и четири скока и пет асистенции. Кај победникот одлична вечер имаше Жа Морант кој успеа да уфрли 35 поени.

Мемфис во плеј-офот ќе игра против екипата на Јута Џез која заврши како првопласирана на Западот.

 

Се вчитува...