Кари немаше свој шутерски ден, Голден стејт се „лизна“ во Филаделфија

Голден Стејт го претрпе петтиот овосезонски пораз откако „воините“ загубија на гостувањето против Филаделфија со 102-93, само втор меч сезонава на кој избраниците на Стив Кер не успеаја да ја минат границата од 100 постигнати поени. Една од главните причини сигурно е слабото шутерско издание на Стеф Кари, кој погоди само шест од дваесетте удари од поле. Тој реализираше само три од упатените 14 тројки, па сега му недостигаат само уште шест прецизни удари од далечина за да го стигне апсолутниот рекорд на Реј Ален, кој во кариерата има постигнато 2973 тројки во регуларните делови од сезоните во НБА.

Никола Јокиќ одигра импресивно на гостувањето во Сан Антонио, предводејќи го Денвер до убедлива победа од 112-127. Српскиот центар беше неверојатен, реализирајќи 35 поени надополнети со 17 скокови и осум асистенции, потсетувајќи на ланските партии кои му го донесоа МВП-признанието.

Зек Лавајн постигна 33 поени за Чикаго, но „биковите“ претрпеа убедлив пораз на гостувањето во Мајами од 118-92. „Жешките“ тргнаа моќно, уште во првата четвртина постигнувајќи 39 поени (39-25), доминирајќи до крајот на мечот. Најефикасни во победничката екипа беа Робинсон со 26 и Дедмон со 20 постигнати поени.

Резултати НБА: 

ЛА Клиперс – Орландо 106-104, Вашингтон – Јута 98-123, Кливленд – Сакраменто 117-103, Мемфис – Хјустон 113-106, Мајами – Чикаго 118-92, Филаделфија – Голден Стејт 102-93, Сан Антонио – Денвер 112-127.

Се вчитува...