Кари подобар од Јокиќ, Бруклин го доби источното дерби со Бостон (ВИДЕО)

Голден Стејт Вориорс славеше на домашен терен над Денвер Нагетс со 118-97. Повторно прво име во таборот на Вориорс беше Стеф Кари кој натпреварот го заврши со 32 поени надополнети со осум скока и три асистенции. Кај поразените најефикасен беше Мајкл Портер Џуниор со 26 поени, а Јокиќ го заврши мечот со 19 поени и по шест скока и асистенции.

Во дербито на истокот Бруклин го совлада Бостон со 109-104. Недоволна за Селтикс беше одличната партија на Џејсон Тејтум кој натпреварот го заврши со 38 поени. Кај победникот Џо Херис заврши со 20 поени, а еден помалку уфрли Џеф Грин.

 

Во останатите мечеви од синоќешната програма Атланта – Мајами 118-103, Шарлот – Кливленд 108-102, Хјустон – ЛА Клиперс 104-109, Оклахома – Вашингтон 109-129 и Портланд – Мемфис 128-130.

Се вчитува...