Кари „проработе“ во Денвер, Јокиќ не можеше сам да му парира

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Денвер на гости со 119-102 и така се реваншираа на Нагетси за трите порази оваа сезона. Вориорс до победа ги предводеше Стеф Кари кој уфрли 34 поени, од кои 24 во вториот дел.

Никола Јокиќ повторно беше најдобар кај поразениот тим, со 23 поени, 9 асистенции и 12 скока, со што беше блиску до 19-тиот трипл-дабл во сезоната.

Во вториот меч одигран синоќа, Бруклин ја совлада Филаделфија со убедливи 129-100. Најдобриот во победничкиот тим беше Кевин Дурент со 25 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Бруклин 100-129

Денвер – Голден Стејт 102-113

Се вчитува...