Карик: Не болат свирежите на „Олд трафорд“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик не го крие разочарувањето по новиот кикс на неговиот тим, ремито од 1:1 против Тотенхем на „Олд трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ иако имаа играч повеќе, примија гол во судиското продолжение , по што навивачите на „Олд трафорд“ со свирежи ги испратија фудбалерите.

„Не е пријатно, болат свирежите бидејќи го сакам овој тим. Реалноста е таква каква што е и мораме да се вратиме на победничките патеки“, вели Карик.

Тој смета дека неговите фудбалери пропуштиле да ја обезбедат победата кога имаа контрола на случувањата на теренот.

„Тешко влеговме во натпреварот, од повеќе причини не бевме на посакуваното ниво. Се виде дека поминуваме низ тежок период, но играчите успеаја да го пронајдат посакуваниот ритам. Во второто полувреме бевме подобар тим во секој дел од играта. Кога натпреварот ќе го насочиме како што сакаме и се доведеме во толку добра позиција, мораме да го приведеме до крајот. Мора подобро да ги решаваме таквите ситуации“, додава Карик.

Манчестер Јунајтед моментно се наоѓа на 12-та позиција на табелата со само шест освоени бодови во првите шест кола.

Се вчитува...