Карлос Бака се договори за трансфер во Марсеј

Колумбискиот напаѓач Карлос Бака ги договори личните услови за трансфер во екипата на Марсеј, пренесува „Газета дело спорт“.

Бака веќе подолго време се поврзува со заминување од Милан, па се чини конечно и успеа да ја осигура својата следна дестинација.

Проблем се уште претставува висината на отштетата која Марсеј треба да ја плати на „росонерите“. Милан е подготвен малку да ја спушти бараната сума од 30 милиони евра, додека Марсеј сака да го доведе најпрво на позајмица а потоа со можност за откуп на комплетниот договор, но за 20 милиони евра. Наредниве денови дефинитивно треба да се знае дали ќе има договор меѓу двата клуба.

Бака во Милан е од летото 2015 година кога дојде од Севилја за сума од 30 милиони евра.

Се вчитува...