Карлос Сајнц ќе биде подготвен за ГН на Австралија

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, најверојатно ќе учествува на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија.

Како што објави Скај, се очекува Шпанецот да  вози во Мелбурн откако ќе закрепне од апендектомија. Шпанскиот возач учествуваше на првите два тренинзи пред трката во Саудиска Арабија пред да биде опериран на 8. март.

Тој беше заменет во Ферари со британскиот тинејџер Оливер Берман, кој заврши седми на трката во Џеда. Шпанецот го освои третото место на првата трка сезонава во Бахреин.

Се вчитува...