Карлос Тевез се враќа на „Олд Трафорд“?

Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез би можел сензационално да се врати на „Олд Трафорд“ и повторно да го облече дресот на Манчестер Јунајтед, откриваат британските медиуми. Тој е една од опциите на Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот за пополнување на празнината која се појави со повредата на Маркус Рашфорд.

Тевез во периодот од 2007 до 2009 година настапуваше во составот на Манчестер Јунајтед, одигра 63 натпревари и постигна 19 гола. Интересно е дека по Јунајтед тој одлучи да замине во градскиот ривал Манчестер Сити. 35-годишниот Тевез сега настапува за Бока јуниорс.

Се вчитува...