Карлос Винисиус ќе го засили нападот на Тотенхем

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е пред потпис на договор со напаѓачот на Бенфика, Карлос Винисиус. Менаџерот Жозе Мурињо побара да биде засилена навалната линија на тимот, се јави кај добриот пријател Жорге Мендеш, а еден од најдобрите светски агенти му го понуди Карлос Винисиус. Тој одлично се вклопува во барањата на Мурињо, корпулентен е, висок 190 сантиметри, и располага со завидна фудбалска техника.

Карлос Винисиус во 2018 година потпиша за Наполи, но не одигра нити еден меч за италијанскиот клуб. Беше на позајмици во Рио Аве и во Монако, а Бенфика минатото лето комплетно го откупи за 17 милиони евра.

Тотенхем ќе го добие на позајмица до крајот на сезоната, а има опција и да го откупи за сума од 45 милиони евра.

Се вчитува...