Каролин Гарсија го освои завршниот ВТА турнир

Француската тенисерка Каролин Гарсија стигна до својот најголем трофеј во кариерата откако славеше на ВТА завршниот турнир кој годинава се играше во американскиот Форт Ворт.

Гарсија до титулата стигна откако во финалето доцна синоќа славеше над Белорусинката, Арина Сабалјенка со 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.

Претходно во игра на двојки завршниот турнир му припадна на парот Елис Мертенс Вероника Кудерметова кои во финалето славеа над чешкиот пар Барбора Крејчиква/Катарина Синиакова со 2-1 по сетови 6-2, 4-6 и 11-9.

Се вчитува...