Карпош соколи со јавна благодарност за Борче Даскаловски

Раководството на Карпош соколи преку својата официјална веб-страница упати јавна благодарност до Боро Даскаловски за професионализмот со кој ја извршуваше работата се до повлекувањето од тренерската функција, по поразот на домашен терен од Фени индустри.

„За време на неговиот престој меѓу „соколите“ се остварени најголемите успеси во клупската историја, за што Даскаловски дефинитивно имаше голем придонес со својата работна етика и големо познавање на кошаркарскиот спорт. Зад нас е освоен пехар во Купот на Македонија, вицешампионски епитет во првенството, забележителен настап во АБА-лигата и деби во Лигата на шампионите и ФИБА Еврокупот, работи кои без неговиот удел дефинитивно не би ги оствариле. Навистина ни е жал ни е што шансата да биде прв тренер ја доби во една тешка ситуација, кога клубот речиси преку ноќ се најде во една тешка финансиска ситуација која се заканува сериозно да го наруши спортскиот процес. Но, се надеваме дека проблемите ќе бидат надминати и дека во иднина повторно ќе соработуваме со Даскаловски, чии човечки и кошаркарски карактеристики дефинитивно се на највисоко ниво. Сѐдо тогаш му посакуваме успешна кариера на сите полиња!“ – порачуваат од управата на македонскиот вицешампион.

Се вчитува...