Карвахал за намерен картон го пропушта првото осминафинале во ЛШ

УЕФА го казни десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал, со еден натпревар неиграње поради намерниот картон добиен во претпоследното коло против АПОЕЛ.

Дефанзивецот сакаше да ги „исчисти картоните“ со тоа што нема да настапи во последното коло против Борусија Дортмунд, но УЕФА експресно покрена постапка против него, по што му беше изречена и суспензијата што ќе мора да ја одлежи на првиот меч од осминафиналето во елитното европско натпреварување.

Карвахал поради суспензија ќе го пропушти и саботниот дерби натпревар од Примера дивизион против екипата на Севилја.

Се вчитува...