Касано по шокот од Македонија: Нема дилема, Италија е просечен тим – Да се молиме Манчини да остане тренер!

Антонио Касано често знае да даде своја анализа за работите што се случуваат во фудбалот, па така и овој пат го дочека својот ред. Италијанецот овојпат истакна дека репрезентацијата на Италија е просечен тим!

Таканареченото „Бобо ТВ“ е навистина актуелно во Италија и Виери и Касано ги искажуваат своите ставови во јавноста секоја недела, па така овојпат мораа да го коментираат огромното разочарување кое го приредија нивните сонародници, само осум месеци откако се искачија на покривот на Европа.

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Италија среде Палермо (0-1) и ги фрли во очај европските шампиони и вторпат во низа ги остави без пласман на Светско првенство, нешто што е огромно разочарување, но кое според Касано не треба да донесе драматична промена во селекцијата со заминување на Роберто Манчини.

„Нема дилема, италијанската репрезентација е просечен тим и Манчини минатото лето ги однесе на врвот на Европа, тоа беше фудбалско чудо. Манчини направи чудо со овој тим, играа невиден фудбал. Навистина ми е жал за Роберто, кој не треба да се срами дури и ако реши да си замине. Сите треба да се молиме за едно, треба да се молиме Манчини да остане на чело на репрезентацијата, Роберто е спасот на Италија. Имобиле, Инсиње … Многу играчи имаа проблеми против Македонија. Направивме подвиг пред само осум месеци и не е убаво тоа да го поништиме. Елиминацијата од Шведска во баражот за претходното Светско првенство беше катастрофа, овој пораз од Македонија мора потемелно да се анализира“, изајви Касано.

Се вчитува...