Кашемиро ќе го пропушти четвртфиналниот дуел на Бразил

Дефанзивниот играч за врска, Кашемиро, ќе го пропушти четвртфиналниот натпревар на Бразил на Светското првенство во Русија. Тој заработи втор жолт картон во осминафиналето против Мексико и ќе мора да паузира на следниот меч. Ќе биде тоа голем удар за селекторот Тите, чија селекција има примено само шест гола на последните 25 меча. Голем удел во тоа и Кашемиро, кој е задолжен за растурање на противничките напади на средината на теренот.

Кашемиро „пожолте“ откако недозволено го сопре Лозано во еден противнапад. Бразил во четвртфиналето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Белгија и Јапонија.

Се вчитува...