Кашемиро погоди од офсајд, Реал води против Манчестер

Реал Мадрид заслужено води со 1-0 на Суперкупот на Европа откако „кралевите“ доминираа на теренот и поведоа со погодокот на Кашемиро.

Бразилецот имаше одлична шанса по корнерот на Крос, кога ја затресе само гредата, но потоа во втората можност што му се укажа не погреши, одлично пласирајќи ја топката во мрежата по прекрасното додавање на Карвахал. Фудбалерот на Реал се наоѓаше во мал офсајд, помошниот судија не го забележа тоа, па голот беше признаен од страна на главниот арбитар Роки.

Се вчитува...