Касилјас ќе биде претседател на Фудбалската федерација на Шпанија?

Легендарниот голман на Реал Мадрид и поранешен шпански репрезентативец Икер Касилјас би можел да биде следниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија. Тој ќе биде кандидат на АФЕ, Асоцијацијата на професионални фудбалери во Шпанија, на изборите кои треба да се одржат во март. Касилјас е кандидатот кој треба да го предизвика Луис Рубијалес, актуелниот прв човек на шпанскиот фудбал.

Касилјас се уште нема кажано конечно „збогум“ на фудбалот, но подолг период е надвор од терените откако преживеа срцев удар на тренингот на Порто.

Генералното собрание на РФЕФ се состои од 140 делегати, и тоа претседателот на РФЕФ, 19 претседатели на автономните фудбалски региони, 20 претставници на професионални клубови (11 од Ла Лига и 9 од Секунда), 29 претставници на аматерски клубови, 13 претставници на професионалните фудбалери, 19 претставници на фудбалерите аматери, 4 членови на професионалните судии, 7 членови на судии аматери, 6 претставници на професионалните тренери, 10 членови на тренерите аматери, 5 футсал клубови 4 футсал играчи, 1 футсал судија, 2 футсал делегати, како и претседателот и генералниот секретар на РФЕФ. Новиот претседател се избира со цензус од 45% од гласовите, но исто така треба да исполни и цензус од 30% од играчите, 15% од тренерите и 10% од судиите.

 

 

 

 

Се вчитува...