Касилјас пред финалето од ЛШ: Титулата за Реал, „златната топка“ за Буфон

Икер Касилјас не си замина од Реал под најдобри услови, но шпанскиот голман ќе навива за својот долгогодишен клуб на претстојното финале од Лигата на шампионите против Јувентус. Голманот на Порто сепак додаде дека кога станува збор за наградата „Златна топка“ за оваа сезона, таа треба да му биде доделена на Џанлуиџи Буфон.

„Очекувам израмнето финалето. Јувентус секогаш бил многу силен на дефанзивен план, сега е моќен и офанзивно, со Манџукиќ, Дибала и Игуаин. Секако дека и Реал е силен во нападот со Роналдо, но „кралевите“ и дефанзивно воопшто не се случи. Шансите се 50-50, а за мене нема дилеми, ќе навивам за мојот клуб, за Реал“ – истакна Касилјас.

Шпанецот има само пофални зборови за својот добар пријател Буфон, кому од бројните трофеи на фудбалската сцена му недостига само овој – од Лигата на шампионите.

Да не играше против Реал, од се срце ќе навивав за Буфон и за Јувентус. Тој е толку голем фудбалер, што не заслужува да ја заврши својата кариера без трофеј во ЛШ. Има освоено речиси се, но ова е пехарот што му недостига и што има посебна тежина. Ми се допаѓа и што „ние повозрасните“ имаме свој претставник во финалето, убаво е кога на сите ќе им се докаже дека и на 39 години може да игра во врвна форма. Моја желба е Реал да стигне до пехарот во ЛШ, а Буфон да ја освои „Златната топка“, нешто што апсолутно го заслужува“ – порача Икер Касилјас.

Се вчитува...