Катар донесе забрана за влез во државата на навивачите без билет за натпревар

Фановите на фудбалот и останатите кои сакаат да го посетат Катар за време на Светското првенство (СП) нема да можат доколку немаат влезница за некој од натпреварите, кој се игра од 21 ноември до 18 декември.

Организаторот на Мундијалот оваа година соопшти дека немаат доволно капацитети за да ги сместат навивачите и поради тоа е воведена оваа мерка. Ако реши некој да патува во Катар за да ја гледа репрезентацијата, но нема билет и сака да ја купи на лице место, такво нешто нема да биде дозволено.

Со други зборови секој што сака да влезе во државата за време на Мундијалот, а нема влезница за некој од дуелите нема да му биде дозволен влез во Катар. Катар со оваа одлука сака да избегне и тепачки низ улиците меѓу навивачите, како што беше случај на претходните шампионати.

Се вчитува...