Катар во финишот го скрши отпорот на одличните Јапонци

Катар во финишот успеа да го урне отпорот на најголемото изненадување досега на шампионатот репрезентацијата на Јапонија. По ремито со Хрватска во првото коло, Јапонците денеска загубија од Катар со 31-29.

До финишот натпреварот беше во егал, но сепак во последните две минути пресуди искуството на Катарците кои успеаја да стигнат до вториот триумф на шампионатот.

Керол Марцо со 11 гола беше најефикасен во таборот на Катарците, додека кај Јапонците се истакна Анри Дои со седум постигнати гола. Во вториот меч од Ц групата од 18 часот Хрватска против Ангола ќе ја брка првата победа на шампионатот.

Се вчитува...