Катарскиот клуб не го пушта Чави да игра за Каталонија

Легендата на Барселона, Чави нема да биде дел од каталонскиот состав на пријателскиот дуел со Венецуела откако неговиот клуб од Катар, Ал Сад не му дозволи да се приклучи на соиграчите во репрезентацијата од шпанската покраина.

Чави заедно со Пике ја прекина репрезентативната пауза со намера да биде дел од тимот на Каталонија, но сепак се соочи со забраната од клубот. Тој не е прв од повиканите во каталонскиот состав кој не доби клупска дозвола за настап.

Натпреварот меѓу тимот на Каталонија и на Венецуела е контроверзен и под силен политички набој со оглед на тенизиите околу идејата за каталонска независност од Шпанија. Инаку Чави има 133 настапи за Шпанија и со националниот тим триумфираше на Светското првенство во 2010 година како и на Европските шампионати во 2008 и во 2012 година.

Се вчитува...