КАТАСТРОФА во најава на младата селекција: Фарски Острови води на полувреме (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија губи на полувреме од Фарски Острови со 1:0 во квалификациски натпревар за Европско првенство. Аутсајдерот има водство со гол на Јохансон уште во 8. минута.

Многу конфузија во нашата одбрана по нафрлена топка од корнер, и топката заврши во мрежата на Денковски. Конфузијата на македонските играчи продолжи и во текот на целиот прв дел, некако тешко се поврзуваа редовите.  Во таква ситуација Македонија успеа да создаде само две солидни шанси, но не дојдоа до израмнување.

Ни Фарски Острови не одигра којзнае како, но беа добро организирани во одбрана и не дозволија на избраниците на Канатларовски да дојдат до гол.

Голот на Фарски Острови низ видео:

Се вчитува...