Катастрофални вести за Реал Мадрид: Куртоа повторно се повреди, следува нова пауза

Реал Мадрид денеска се огласи со соопштение околу својот голман Тибо Куртоа. Белгиецот кој мораше да паузира шест месеци поради скинати лигаменти, само што се врати сега заработи нова повреда.

Станува збор за повреда на менискусот на коленото, повреда која голманот ја заработил на денешниот тренинг, по што ќе следува пауза од два месеци.

Куртоа низ солзи го напуштил тренингот на Реал Мадрид, и за него веројатно оваа сезона е веќе завршена. Прашање е дали Белгиецот навреме ќе се рехабилитира и за настап на Европското првенство во Германија, каде што требаше да настапува за неговата Белгија.

Ова е голем хендикеп за Реал Мадрид, но засега барем според резултатите не се чувствува неговото отсуство, со оглед дека „кралевите“ се блиску до титула во Ла Лига, а тимот се пласираше и во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...