Катастрофалните резултати не се пречка, Манчестер Јунајтед експресно ги распродаде сезонските билети

Навивачите на Манчестер Јунајтед се суперлојални. И покрај исклучително лошата сезона, продажбата на сезонските билети, сите 53.000 беше во рекордно кратко време.

Манчестер Јунајтед добива силна поддршка и покрај неоптимистичките најави на менаџерот Оле Гунар Солскјер дека следната сезона битката за титулата „ќе биде невозможна мисија“. Тој најави дека неговиот тим ќе се бори за враќање во топ четири во Премиер-лигата.

Јунајтед покрај реокомпонирањето на составот, летово ќе прави и корекции на „Олд Трафорд“ затоа што клубот смета дека од безбедносен аспект стадинот каска зад стандардите на елитниот фудбал.

Манчестер Јунајтед во текот на сезоната направи менаџерска смена, Солскјер дојде на местото на Мурињо, но и покрај краткиот добар резултски период, кризата се врати па најтрофејниот англиски тим заврши на скромното шесто место на табелата без пласман во  Лигата на шампионите за следната сезона.

Се вчитува...