Ќатип Османи ја презема клупата на Шкупи!?

Поранешниот стратег на Шкендија, Ќатип Османи е најсеризниот кандидат за преземање на клупата на Шкупи откако чаирчани се разделија со Турчинот Булент Акин кој само два натпревари беше тренер на прволигашот.

Според последните информации, раководството на Шкупи е во интензивни преговори со Османи за испразнетата тренерска функција. Се очекува наредниве денови и официјално чаирчани да го соопштат името на новиот тренер.

Османи изминативе две сезони стигна до две шампионски титули со Шкендија, но по лошиот старт на сезоната си поднесе оставка во редовите на црвено-црните од Тетово.

Се вчитува...