Ренова далеку под очекувањата ја почна втората етапа во Првата македонска фудбалска лига. Со два порази во воведните кола, најпрво од Беласица во Тетово а денеска и од Пелистер во Битола, шефот на стручниот штаб на „гипсарите“, Ќатип Османи сигурно не може да биде задоволен.
„Честитки на екипата на Пелистер за победата. Индивидуалните грешки кои се покажаа и на првиот натпревар со Беласица, а сега се повторија и против Пелистер, пресудија за победникот на дуелот. Мислам дека на моменти одигравме онака како што се договоривме, посебно во првото полувреме, но во второто полувреме тој брз гол пресуди“ – истакна Османи по денешниот дуел во Битола, притоа дополнувајќи:
„Навистина ќе биде тешка битка за опстанок. Мислам дека дури осум екипи кои со бодовите се тука-така ќе се борат за опстанок. Неизвесноста ќе биде буквално до последното коло од првенството“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА