Ќатип Османи: Ќе мораме без Бејтулаи против Академија Пандев

Шкендија во 14. коло од Првата македонска фудбалска недела во недела ја очекува пресметката со Академија Пандев, во обидот по ремито со Силекс во Кратово сега повторно да се врати на победите.

Свесен е шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи дека неговиот тим го очекува тежок дуел, а дополнителен проблем ќе биде и отсуството на репрезентативецот Егзон Бејтулаи.

„Ќе мораме без Егзон Бејтулаи на мечот против Академија Пандев поради повреда. Се очекува да ни се придружи во понеделник на тренинзи, а во недела ќе бидеме без неговите услуги. Сите останати играчи се подготвени за натпреварот. Сепак, сме на 48 часа од натпреварот, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ – вели Османи.

Се вчитува...