Оди, па не оди… но на крајот Ќатип Османи се врати во таборот на Шкендија и ќе ја води екипата. Двете страни на крајот најдоа заеднички јазик, и тренерот кој донесе пет трофеи во витрините на „црвено-црните“ се враќа на голема врата.
Османи беше поврзуван со Шкендија претходно, па потоа работата не излезе како што треба, па тетовци бараа ново решение. Меѓутоа на крајот успеаја да се договорат со човекот кој ги донесе најголемите успеси на клубот.
Османи по четврти пат се враќа на клупата на Шкендија, а во меѓувреме работеше во Ренова и Шкупи, па повторно во Ренова. Откако „гипсарите“ се растурија, Османи остана без ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА