Ќатип Османи останува на клупата на тетовска Ренова и во следната сезона.
„Гипсарите“ преку баражот успеаја да се изборат за опстанок во Првата лига, па по сето тоа клубот одлучи да ја продолжи соработката со еден од најтрофејните македонски тренери. На клупата на Ренова останува и Башким Ливорека, досегашниот помошник на Османи.
Ќатип Османи има три титули шампион на Македонија, со составот на Шкендија, првата титула во сезоната 2010/11, а потоа освои уште две во периодот од 2017 до 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА