Кавани: Ги одбив Јуве и Интер, не можев да го направам тоа на моите наполитанци

По завршување на договорот со ПСЖ долго траеше неизвесноста каде Едисон Кавани ќе ја продолжи својата кариера. Славниот Уругваец беше пред портите на Бенфика, можност беше и бразилскиот Гремио, понуден беше на Реал Мадрид, имаше преговори со Атлетико, а заинтересирани беа и Лидс, Рома и Леверкузен.

На крајот, ги надмина сите очекувања и искусниот напаѓач заврши на Манчестер Јунајтед. И покрај коментарите дека тимот од „Олд Трафорд“ прави ризичен потег со доведувањето на 33-годишниот, Кавани ги исполни очекувањата и ја докажа својата класа.

Уругваецот на посета на Неапол го виде муралот посветен на легендите на овој клуб, каде е во друштво со Диего Марадона, а сега откри и интересен факт од долгата сага, во која не можел да го „издрибла“ својот поранешен клуб.

„Во видов муралот и презадоволен сум. Тоа е уште еден доказ на љубовта на неаполците кој никогаш нема да го заборавам. Емоцијата е дупла кога видов колку на моите деца им се допаѓа муралот. Не можам да ја опишам среќата. Можам само да искажам благодарност на навивачите. Заради тоа го одбив и Јувентус кој често ме бараше и Интер. Не можев да направам таква работа на моите наполитанци“ – изјави Кавани.

Се вчитува...