Кавани и Нејмар се смирија (ФОТО)

Еден пенал ги скара, но трите гола во мрежата на Баерн Минхен и убедливиот триумф над германскиот првак ги смирија двете големи ѕвезди на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар и Уругваецот Единсон Кавани. Двајцата заедно се радуваа на головите, а во еден момент Нејмар покажа дека навистина се покајал поради својата глупост кога побара да го шутира пеналот на Кавани.

Уругваецот го прегрна, а тоа значеше и дека се му е простено. На крајот, настрадаа Баерн Минхен и Карло Анчелоти на „Паркот на принцовите“, а Кавани и Нејмар беа меѓу стрелците.

nejmar i kavani se smirija 2

Се вчитува...