Кавани и Погба го вратија Јунајтед на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се врати на врвот на табелата од Премиерлигата откако славеше на гостувањето на Фулам со 1-2. Гостите поведоа уште во 5. минута со голот на Лукман по грешката на Пол Погба. До крајот на првиот дел во 21. минута Единсон Кавани израмни на 1-1, додека Погба се поправи за големата грешка со неверојатниот погодок во 65. минута со кој донесе три нови бода за „црвените-ѓаволи“.

Со овој триумф избраниците на Оле Гунар Солксјер се вратија на првото место на првенствената табела со 40 бода, односно два повеќе од градскиот ривал Сити, но и натпревар повеќе. Фулам останува 18. со 12 бода.

 

 

 

Се вчитува...