Кавани: Игравме против најдобриот на светот, Роналдо е мојот идол

Уругвај првпат по 1970 година е повторно во четвртфиналето на Светското првенство, а херој на дуелот против Португалија беше Единсон Кавани. Тој ги постигна двата гола за својата национална селекција, и за жал потоа се повреди. Потег што го воодушеви светот направи Кристијано Роналдо, кој му помогна на Кавани да го напушти теренот, а овој му возврати со прекрасни зборови по завршувањето на мечот.

„Игравме против најдобриот фудбалер на светот. Кристијано Роналдо е мојот фудбалски идол. Немам зборови да ја опишам среќата. Уругвај е во четвртфиналето, и се надевам дека нема да застанеме тука. Среќен сум и за головите, но најважен е успехот на репрезентацијата“, изјави Единсон Кавани, чиј настап во четвртфиналето против Франција е неизвесен поради повредата на мускулот.

Се вчитува...