Кавани ќе биде замената за Санчез во Интер

Италијанскиот шампион Интер е заинтересиран за потпис на уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани, пренесуваат англиските медиуми. Тој би требало на „Џузепе Меаца“ да стигне како замена за Алексис Санчез кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти тимот од Милано.

Кавани во моментов е во Манчестер јунајтед, но по доаѓањето на Кристијано Роналдо и големиот број на повреди кои го мачат го загуби првотимскиот статус во англискиот премиерлигаш. Кавани на „Олд трафорд“ стигна во 2020 година, а досега забележа 39 настапи на кои постигна 12 гола.

Претходно интерес за уругвајскиот голгетер покажаа и клубови од јужноамериканскиот континент, пред се Бока Јуниорс, која е сериозна во обидите да го врати Кавани назад во латино-фудбалот.

Се вчитува...