Кавани ќе го засили Манчестер сити?

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани од следната сезона би можел да се пресели во Премиер – лигата и да го облече дресот на Манчестер сити. Медиумите на Островот најавуваат дека Пеп Гвардиола е сериозно заинтересиран да доведе нов напаѓач по проблемите со повреди што ги има Серхио Агуеро, а Кавани би бил одлично решение.

Од друга страна, и ПСЖ ќе биде приморан да продава дел од своите ѕвезди за да го задоволи финансискиот фер-плеј, а Кавани би можел добро да ја наполни клупската каса. По ангажманот на Нејмар, тие двајца имаа одредени несогласувања, и веројатно најдобро ќе биде Уругваецот да си замине од Париз. Манчестер сити го чека со раширени раце, иако за него постои интерес и од Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и од Евертон.

Се вчитува...