Кавани не размислува за нов трансфер, Уругваецот останува верен на Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани одби да ги коментира гласините за можно заминување од тимот. Уругваецот засега е задоволен во тимот на „црвените ѓаволи“, а воедно потенцираше дека сезоната е долга, па затоа и не сака да збори за било какви шпекулации.

Кавани изјави дека во фудбалот работите постојано се менуваат, некогаш играте повеќе, а некогаш помалку.

„Тоа се случува во фудбалот. Понекогаш играте повеќе, понекогаш помалку, тренерот треба да одлучи. Има многу гласини, но, не треба да им обрнувате многу внимание. Главната работа е да бидете подготвени и да ја искористите шансата. Сезоната само што започна, нема да шпекулирам за трансфер иако сите сакаат да дискутираат и секогаш ќе разговараат на темата, исто како и печатот”, изјави Кавани.

Се вчитува...