Единсон Кавани не попуштил под притисокот на управата на клубот да му го отстапи изведувањето на пенали на Нејмар, дури ни откако на уругвајскиот гоглетер му биле ветени три милиони евра (по еден милиони годишно до крајот на договорот) за да се стави крај на конфликтот меѓу двајцата најдобри голгетери на Пари сен Жермен.
Весникот „El Pais” објави детали од крилниот состанок на кој претседателот Ал Келаифи на секаков можен начин се обидувал да најде начин за да се стави крај на тензиите меѓу Нејмар и Кавани. Во договорот на Кавани има клаузула според која тој добива еден милион евра доколку биде најдобар стрелец во француското првенство, а Ал Келаифи му понудил да потпише нов договор, без таква клаузула, а за поголема плата од по еден милион евра за следните три сезони.
Уругваецот ја одбил понудата, извори блиски до него тврдат дека бил и навреден што првиот човек на клубот прави се за да го задоволи Нејмар. Моментното решение е Емери да одредува пред натпреварите кој ќе ги изведува пеналите, при што Кавани би имал предност пред Нејмар, но останува јасно дека конфликтот не е целосно разрешен, туку само привремено, но следното разгорување на страстите меѓу двете големи фудбалски ѕвезди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА