Кавани продолжува во Бенфика

Единсон Кавани по седум години го напушти ПСЖ, а негова следна дестинација ќе биде Лисабон во дресот на португалскиот гигант Бенфика.

Менаџерите на Кавани веќе неколку денови се во Лисабон на завршни преговори околу трансферот на уругвајскиот фудбалер. Лажна вест е, како што инфомираат португалските медиуми, дека Кавани од раководството на Бенфика барал плата од 12 милиони евра годишно и договор на три години.

Пред настапите за ПСЖ, 33-годишниот Кавани играше за Наполи и Палермо, а кариерата ја почна во славниот Данубио.

Се вчитува...