Кавани пред трансфер во Бразил, Палмеираш тргнува по напаѓачот на Јунајтед

Бразилскиот гигант Палмеираш се вклучува во трката за потписот на напаѓачот на „црвените ѓаволи“ Единсон Кавани. Договорот на 34-годишниот фудбалер со Манчестер јунајтед истекува по завршувањето на сезоната, а тој веќе почна да добива интересни понуди за преселба без отштета од „Олд Трафорд“

Палмеираш ќе има голема конкуренција во обидот да го обезбеди потписот на Уругваецот. Се шпекулира дека Реал и Барселона сакаат да го видат во своите редови, додека од лани за него се интересира Бока јуниорс.

Кавани е играч на Манчестер јунајтед од 2020 година. За „црвените ѓаволи“ одиграл 47 натпревари, постигнал 18 голови и забележал шест асистенции.

Се вчитува...